Филипче утре на „Табановце“ ќе го дочека неговиот српски колега Лончар: Доаѓа втората пратка на анти-ковид вакцини од Србија

Фото: mia.mk

Министерот за здравство Венко Филипче утре во 13:30 часот на граничниот премин „Табановце“ ќе пречека делегација предводена од неговиот српски колега Златибор Лончар, кој ќе ја предаде втората пратка од најавените 8.000 дози на анти-ковид вакцини од компанијата „Фајзер”.

Првата пратка на анти-ковид вакцини од Србија пристигна на 14 февруари, а на примопредавањето на донацијата од 4.680 вакцини присуствуваа премиерот Зоран Заев и српскиот претседателот Александар Вучиќ.

Преговорите за донација од 8.000 вакцини од Србија почнаа на средината на јануари.

Со вакцините на „Фајзер” кај нас почна процесот на имунизација, првично со вакцинирање на здравствените работници. Следни за вакцинација се ризичните групи на граѓани над 70 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот