Филипче: Страшна трагедија, загинаа 46 лица меѓу кои 12 се деца

Премиерот Зоран Заев заедни со министрите Венко Филипче и Бујар Османи ги посетија повредените во страотната сообраќајна несреќа која рано утрово се случи во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани кои преку Бугарија се враќале од екскурзија во Истанбул.

– Страшна трагедија се случи утрово, за жал загинаа голем број патници. 46, меѓу нив 12 се деца. Повредени патници има 7 и тие се во стабилна здравствена состојба, односно никој не е во животнозагрозувачка состојба, рече министерот Филипче, додавајќи дека имаат контузии и полесни повреди.

Во болницата Пирогов во Софија има само еден повреден со скршеница и за него ќе се види дали ќе се оперира или ќе биде применет друг зафат. Повредените пациенти по санирањето на повредите во оваа болница ќе бидат префрлени на лекување во Македонија.

Меѓу настраданите има членови на исто семејство од кои најмладата е девојче од 16 години, а другите се постари меѓу 40 и 50 години, соопшти Филипче.

СТРАШНА ВЕСТ: Македонски автобус се запали во Бугарија, најмалку 45 загинати и седум повредени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот