Филипче: Нема отстапување од одлуката невакцинираните деца не се пуштаат во градинките

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Министерот за здравство, Венко Филипче дека изјави дека нема отстапување од одлуката децата кои не се вакцинирани да не бидат примени во градинка.

По неофицијалните информации дека во некои училишта не ја почитуваат одлуката и примаат деца без примени вакцини, Филипче најави дека неделава ќе заседава Комисијата за заразни болести и не е исклучена можноста да има нови препораки.

Министерот најави дека ќе бидат засилени и контролите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и ќе има казни за тие што не ја почитуваат одлуката.

Во меѓувреме, и покрај почетокот на учебната година нема зголемување на бројот на заболени од морбили.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот