ФОТО: МИА

Филипче: Намален е бројот на заразени и починати од Ковид-19, а зголемен е бројот на оздравени пациенти

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција ги соопшти новите информации во врска со коронавирусот во земјава.

Министерот потенцираше дека е зголемен бројот на оздравени лица, а е намален бројот на позитивни случаи.

– Веќе неколку недели во нашата земја има намалување на бројот на починати и заразени со Ковид-19, а зголемен е борјот на оздравени лица.  11.605 тестирања се направени во текот на минатата недела, а 2.062 од нив се позитивни во 29 градови, најголемиот дел се од Скопје и Куманово. Во другите градови постојат мини класови како резултат на непочитувањето на мерките. Во текот на минатата недела забележани се 17 мртви, што е помалку во однос на претходната недела. Намален е и бројот на позитивни од вкупниот број на направени тестови. Значајно е зголемен и бројот на тестови на дневно ниво – истакна Филипче.

Филипче: Со новиот протокол се ослободуваат од изолација позитивните лица без контролни тестови

Министерот истакна и дека како држава се подготвуваме за нов бран наесен, но верува дека со почитување на мерките може да се избегне лошо сценарио.

Школската година ќе започне онлајн, родителите на децата до трето одделение ќе имаат избор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот