Скопје, 16 јуни 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат

Школската година ќе започне онлајн, родителите на децата до трето одделение ќе имаат избор

На денешната заедничка пресконференција на министерот за здравство Венко Филипче и министерот за образование и наука, Арбер Адеми, беше соопштено дека МОН ги прифатил препораките на Комисијата за заразни болести за тоа на кој начин да продолжи образовниот процес од септември.

– Во однос на училиштата и покрај тоа што крајна цел е децата да се вратат во училиште, се додека ние и целиот свет сме соочени со вирусот, тие мора да следат настава, но мора да бидеме свесни и образовниот процес да биде безбеден за децата. Образовниот процес е од неспорно значење, но не смееме да го занемариме и здравствениот аспект – истакна Филипче.

И токму поради тоа, рече Филипче, нашата препорака е училиштата да започнат со онлајн работа со два исклучоци. Едниот исклучок е за децата од прво до трето одделение кои би посетувале настава со физичко присуство, но со барање на родителот и овие ученици ќе можат наставата да ја следат и онлајн.

– Одлучивме родителите на овие ученици да можат да одлучуваат дали детето да следи онлајн или физичка настава, како резултат на тоа што тие можеби имаат родители со хронични болести или ги чуваат баби и дедовци кои се ризична категорија, па семејството е во поголем ризик. Вториот исклучок е во училиштата каде има мал број на ученици и тие ќе можат да следат настава со физичко присуство. Ова секако по барање на училиштата кои оваа одлука ќе ја донесат во согласност со родителите – соопшти Филипче.

Истото го потврди и министерот Адеми, кој го повтори ставот на Филипче, додавајќи дека се подготвени и протоколи, по што учениците кои ќе посетуваат настава во училиште ќе треба да носат маски, а во однос на одморите помеѓу часовите треба да има 10 минути растојание за да не дојде до групирање на учениците.

Филипче: Со новиот протокол се ослободуваат од изолација позитивните лица без контролни тестови

Филипче: Намален е бројот на заразени и починати од Ковид-19, а зголемен е бројот на оздравени пациенти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот