Филипче: Кошничката се истопори на 68.000 денари, а платата се зголеми за 1.600 денари

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска ја критикуваше Владата и премиерот Христијан Мицкоски за бавната имплементација на економските мерки кои би ја олесниле финансиската состојба на граѓаните. Според него, мерките кои неговиот тим ги предложил порано, допрва ќе се разгледуваат, а граѓаните веќе ја почувствувале ценовната спирала предизвикана од растот на цените на горивата и основните продукти.

Филипче истакна дека од 27 февруари цените на нафтата Брент се зголемиле за 50,72% и 63,67%, додека дизелот во земјата поскапел за 34,5%, од 71 на 95,5 денари. Тој предупреди на драстичен пораст на цените на храната: бел леб од 34 на 47,5 денари, зејтин од 77,5 на 110, јајца од 220 на 290, брашно од 40 на 52,5, млеко од 67,5 на 82,5 денари, домати од 130 на 235 денари и домашни јаболка од 45 на 70 денари.

Тој оцени дека минималното зголемување на платата од 1.667 денари не е доволно за да го ублажи ударот врз потрошувачката кошничка, која изнесува околу 68.000 денари.

Филипче оцени дека сегашното владеење е дилетантско и дека Владата треба да се посвети на реалните потреби на граѓаните.

Акцизите за дизелот ќе се намалат за 4, на бензините за 2 денари – Мицкоски се фали со „робусни мерки“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот