Филипче ги осудува случаите за мито за интервенции

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Министерот за здравство, Венко Филипче, по оставката на неговиот заменик Муса, рече дека ги осудува сите случаи во кои се зема пари за интервенција. Вели дека тоа не е начин да се функционира во било кој систем, ниту во здравствениот.

– Секаде има санкции за таквите постапки. Се обидуваме со сите наши мерки да ги стимулираме лекарите, со зголемување на платите, на дежурствата и со таа тенденција и со тие политики ќе продолжиме и во иднина – изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Вели дека функционерите треба да имаат неселективен пристап без разлика на функциите кои ги имаат

– Институциите треба да си преземат санкции доколку сметаат дека за тоа има простор за кого било, вели Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот