По скандалот за мито, заменик-министерот за здравство Муса си поднесе оставка

По скандалот за мито заменик-министерот за здравство, Асим Муса, си поднесе оставка. Тој не сакаше да одговори на новинарските прашања и да објасни зошто како што се гледа на снимката зема 50 евра од пациентите, по изјавата си замина од прес – салата на Владата.

Муса рече дека е убеден во својата правда и ќе ја докаже, а ова што му се случува го нареќе политичка пропаганда.

-Со чест и посветеност сум ја вршел својата функција, 23 години. Мојот искрен обид да им помогнам на пациентите се претвори во стапица. Во разговорот ги информирам дека тие се странски државјани, поради што треба да платат приватно за операција и им кажувам колку тоа чини по пакети. Овие пациенти постојано се обидуваат да приредат стапица во било која форма. Секој мој граѓани и граѓанин од Албанија секој пациент и соработник знае дека ова е стапица со која сака да ми се наштети и приватно и професионално. Ништо на видео-снимката не е реално. Нема да дозволам мојот интегритет да биде нарушен преку ваква стапица и преку бомбастични и нереални наслови – рече Муса.

Тој истакна дека неговиот висок углед е познат во земјава и надвор од неа.

Од Владата нема прецизна информација кога ќе биде констатирана оставката на заменик-министерот, ниту кога ќе биде назначен нов.

Албански истражувачки новинари снимиле видео со заменик-министерот Муса во кое се преставуваат како пациенти и договараат операција на простата.

Заменик-министерот за здравство имал тарифи: 1.000 евра за операција на простата, 100 евра за сунет (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот