Филипче: Чекор или два сме напред да се справиме со предизвикот од коронавирусот

Фото: МИА

Од понеделник, рече Филипче, ќе има дневен брифинг со новинари за да се известува населението, за тоа како се одвиваат работите, дали евентуално има најава дека ќе дојдат патници од Кина.

Министерот за здравство Венко Филипче даде изјава за медиумите во врска со коронавирусот, каде истакна дека нашата земја е подготвена да се справи со овој ризик.

На новинарско прашање Филипче кажа дека нема информации за македонски државјани кои биле во контакт со лица заболи од коронавирусот.

-Го спремивме целокупниот здравствен систем, здравствениот кадар во однос на инфраструктурата, во однос на опремата. Чекор или два сме напред да се справиме со овој предизвик. Иако далеку сме од тој ризик- рече Филипче.

Ова е нов вирус, рече претставничката на СЗО Тавила, сите земји учиме како да се справиме со новиот вирус, но се фокусираме на тренинг, на подготвеност.

Од понеделник, рече Филипче, ќе има дневен брифинг со новинари за да се известува населението, за тоа како се одвиваат работите, дали евентуално има најава дека ќе дојдат патници од Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот