Фијат Цаноски се повлекува од политиката: Имам деца, внуци и фамилија на кои сакам да им се посветам во наредниот период

Фијат Цаноски
Фијат Цаноски / Фото: Архива на „Слободен печат“

Фијат Цаноски си поднесе оставка од лидерската позиција на Партијата за Европска Иднина, а со тоа се повлекува и од политичката сцена, дознава „Фокус“.

– Оваа политика во изминативе 16 години, колку што бев на сцена, навистина ме измори. Јас имам 43 години работен стаж. Имам деца, внуци и фамилија на кои сакам да им се посветам во наредниот период од мојот живот. Искрено, многу повеќе можам и ќе помогнам ако сум надвор од политиката. Имам вработено преку 400 луѓе во моите компании. Имам одлични проекти кои ќе донесат добробит на целото општество, изјави Цаноски за „Фокус“.

Како што објавија на порталот, во наредните денови се очекува да се избере в.д. лидер, кој ќе управува со партијата сѐ додека се одржи конгресот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот