ФИФА ја казни Хрватска поради навивачите, а Србија поради знамето во соблекувалната

Репрезентативниот голман на Канада, Милан Борјан/фото: EPA-EFE/Rungroj Yongrit

Дисциплинската комисија на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја казни Хрватската фудбалска федерација (ХНС) со 50.000 швајцарски франци поради однесувањето на хрватските навивачите на натпреварот на Светското првенство против Канада.

– Хрватската фудбалска федерација беше казнета со 50.000 швајцарски франци за кршење на член 16 од дисциплинскиот код на ФИФА (употреба на зборови и предмети за пренесување порака што не е соодветна за спортски настан) во врска со однесувањето на хрватските навивачи за време на натпреварот против Канада – објави ФИФА.

Дел од хрватските навивачи го навредувааа канадскиот репрезентативен голман Милан Борјан (со зборовите „Борјане, усташо“) кој на мечот против „коцкестите“ крена три прсти кон фановите на Хрватска. На трибините имаше и транспарент кој алудира на воената операција „Бура“.

Пред четири години Борјан имаше прашање од новинар: „Како се опиша себеси, роден си во Хрватска, живееш во Србија, а браниш за Канада?“ Еве кој беше одговорот на Борјан:

– Голема грешка, не сум роден во Хрватска, роден сум во Краина, Далмација. Тоа беше српско место. Се опишувам себеси како некој што е роден во Србија, од Далмација, но се чувствувам како Канаѓанец затоа што поминав многу години таму.

Казнети се и фудбалските федерации на Србија и Саудиска Арабија –

Србите се казнети со 20.000 швајцарски франци поради „повреда на член 11 од дисциплинскиот код на ФИФА на Мундијалот во Катар во врска со знамето истакнато во соблекувалната по натпреварот со Бразил, се вели во соопштението.

Имено, по натпреварот против Бразил во соблекувалната што ја користеше српската репрезентација, имаше знаме на кое беше насликана мапата на Косово во боите на српското знаме, со слоган: „Нема предавање“.

Саудиска Арабија доби две казни од 15.000 швајцарски франци поради лошо однесување на играчите кои заработија шест жолти картони за време на натпреварите против Аргентина и Мексико.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот