ФИБА: Андреј Митревски од Македонија на кој треба да се обрне внимание на ЕП 2023

фото: kfsm.mk

На неколку дена пред почетокот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во младинска конкуренција што ќе се одржи во нашиот главен град, ФИБА аналитичарите направија листа на кошаркари од кои се очекува да покажат доста на шампионатот.

На списокот на играчи од кои с еочекува да блеснат на овој собир во Скопје се осум имиња, а едно од нив е и она на македонскиот репрезентативец и член на Феникс 2010, Андреј Митревски. Извесно е дека Митревски е еден од најталентираните кошаркари во земјава и од пред три години член на сениорскиот национален тим.

Со оглед на тоа што првенството во Скопје ќе биде петто за него во младинска конкуренција, многу се очекува од Митревски како во поглед на македонската репрезентација, така и воопшто, на турнирот.

– Митревски е комбо-бек кој поседува повеќе офанзивни способности и со тоа можност да придонесува за својот тим на повеќе начини. Комотно се снаоѓа во „циркулација“ на топката и врши добра работа во однос на „читање на играта“, лесно пронаоѓајќи слободни играчи – се вели во анализата на ФИБА.

Со оглед на тоа што во септември ќе наполни 20 години, за Митревски ова ќе биде последно младинско првенство.

Инаку, на листата на кошаркари од кои многу се очекува на овој шампионат се наоѓаат уште: Килијан Грибен (Ирска), Феликс Бростром (Шведска), Ондреј Хуштак (Чешка), Олександр Кобзициј (Украина), Фред Паулс Багатскис (Летонија) Вијами Вартиаинен (Финска) и Џејмс Оконкво (Велика Британија).

Ова ЕП во Скопје ќе се игра од 7 до 16 јули, а Македонија е во групата „А“, заедно со репрезентациите на Чешка, Словачка, Бугарија и Ирска. Пласман во нокаут фазата обезбедуваат првопласираните две екипи од секоја група.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот