Фото: ФФМ

ФФМ: Охрид спротивно на својот Статут закажа Собрание, нема да имаме претставник

Oд фудбалската федерација на Македонија утрово информираа дека нема да имаат свој претставник на Соберанието на ОФС Охрид затоа што истото не било во согласност со Статуот на ОФС Охрид.

Во продолжение соопшението од ФФМ:

Фудбалската федерација на Македонија праќа информација дека закажаното Собрание за 19.02.2025 година на ОФС Охрид не е закажано во согласност со Статутот на ОФС Охрид во кој е утврден рок од 30 дена од денот на закажување до денот на одржување на Собранието.

Имено, Управниот одбор на ОФС Охрид на седница одржана на 27.01.2025 година го закажува своето Собрание за 19.02.2025 година. Одлуката на Управниот одбор на ФФМ донесена на 27.12.2024 година не е променета, а тоа значи дека Фудбалската федерација на Македонија нема да има претставник на Собрание кое е закажано спротивно на одредбите од Статутот на Општинскиот фудбалски сојуз – Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот