ФФМ го суспендираше теренот на Башкими во Куманово

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за суспензија на теренот во Куманово по инцидентот кој се случи за викендот во натпреварот помеѓу ФК Башкими и ФК Каменица Саса.
Имено, пред крајот на оваа средба навивач на Башкими влезе на теренот и удри еден од гостинските фудбалери. Теренот е суспендиран на неодредено време.
„Комисијата за натпревари на ФФМ на денешната седница донесе одлука со која теренот на ФК Башкими 1947 Куманово се суспендира за одигрување на првенствени и куп натпревари кога како домаќин е екипата на Башкими 1947 Куманово, се до донесување на конечна одлука на Дисциплинската комисија на ФФМ “, објави на својата официјална страна Фудбалската федерација.
ВИДЕО | Каменица Саса за инцидентот против Башкими: Што треба да се случи за да има реакција?