ВИДЕО | Каменица Саса за инцидентот против Башкими: Што треба да се случи за да има реакција?

Фото: Screenshot

Во вчерашниот натпревар од второлигашка конкуренција помеѓу Башкими и Каменица Саса (2:2) се случи инцидент во кој навивач на тимот од Куманово втрча на терен и удри фудбалер на гостинскиот состав.

Судијата без оглед на инцидентот не го прекина натпреварот и остави средбата да се заврши. Од Каменица Саса денес изразија незадоволство затоа што овој потег не беше санкциониран.

„Неприфатлив однос на домашната публика кон нашите фудбалери на вчерашниот меч во Куманово.

Дали насилството се враќа на фудбалските терени? На кој му одговара ваков толерантен однос кон хулиганите и насилниците?

Треба ли секој натпревар наместо надигрување, да биде закана за безбедноста по здравјето и животот на фудбалерите?

Што треба да се случи на фудбалските терени за конкретна реакција на надлежните?

Само ФК Каменица Саса е жртва на два идентични напади со насилство во оваа и минатата сезона. Станува збор за немили настани и случаи кој ги преживуваат многу од екипите при гостувањата кај клубови со реално слаба организација на натпреварите. Безбедноста на фудбалерите и службените лица на натпреварите треба да биде императив во работењето на сите, вклучително и на Фудбалската федерација на Македонија“, стои во соопштението на социјалните мрежи.,

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот