Фото: ФФМ

ФФМ го потврди и вториот силен тест за Македонија

Македонската фудбалска репрезентација на 1 јуни ќе одигра пријателски натпревар против Турција во Истанбул. Дуелот ќе се игра на стадионот Шукру Сараџоглу со почеток од 19:30 часот по македонско време, потврди Фудбалската федерација.

Турската селекција, која ќе настапи на Светското првенство во фудбал 2026, ќе претставува сериозен предизвик за избраниците на селекторот Гоце Седлоски.

Пред пресметката со Турција, македонските фудбалери на 29 мај ќе одиграат уште еден контролен меч, овојпат против Босна и Херцеговина која исто така ќе патува на Мундијалот летово.

ВИДЕО: Донарума збесна по поразот на Италија – сакаше да се тепа на теренот во Зеница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот