У19 селекцијата без Берат Калкан во квалификациите за пласман на Европското првенство/Фото: ФФМ

ФФМ: Агенцијата за млади и спорт осум месеци нема одговор за македонското државјанство на Калкан

Агенцијата за млади и спорт веќе осми месец е без одговор за македонското државјанство на Берат Калкан. Еден од најталентираните фудбалери со наше потекло кој настапува во турски Касимпаша поради „ажурноста“ на АМС отпаѓа од составот на Македонија, информираат од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Македонската репрезентација до 19 години од 10 до 16 ноември ќе ги одигра натпреварите од квалификацискиот турнир за пласман во Елитна фаза квалификации за Европско првенство. Нашата надежна репрезентација на турнирот во Албанија ќе се соочи со селекциите на Албанија, Србија и Франција.

Селекторот на македонската репрезентација до 19 години, Дашмир Беари за квалификациските натпревари ќе смета на следните 22-ца фудбалери:

Голмани: Стефан Тасев (Македонија Ѓ.П.), Гоце Јовчев (Вардар), Кире Новаков (Триглав, Словенија);

Одбрана: Кристијан Тасески (Аугзбург, Германија), Решат Рамадани (Шкендија), Грегори Давков (Вардар), Љупче Кудев (Кит Го), Самет Реџепи (Детонит), Антонио Јанкуловски (Фролунда, Шведска), Гордијан Христовски (Тетекс), Давид Бошески (Кит Го);

Среден ред: Октај Ракипи (Шкендија), Џемиљ Јахији (Воска Спорт), Ване Крстевски (Академија Пандев), Матеј Ангелов (Работнички), Зуфер Шаини (Бриње, Словенија), Мартин Талаков (Подбрезова, Словачка);

Напад: Бехар Фета (Воска Спорт), Али Али (Ренова), Емир Саитоски (Домжале, Словенија), Дашмир Елези (Шкендија), Бесар Гуџуфи (Бешикташ);

Турнирот го отвораме против Србија на 10 ноември во Елбасан, три дена подоцна играме против топ фаворитот Франција, а на 16 ноември е мечот против домаќинот, селекцијата на Албанија.

Голем хендикеп за нашата репрезентација е отсуството на Берат Калкан. Фудбалерот на турски Касимпаша нема да биде во составот на Македонија поради тоа што Агенцијата за млади и спорт сеуште не дава никакво мислење по барањето на ФФМ испратено пред осум месеци за обезбедување македонско државјанство за Берат Калкан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот