Фестивалот „Мала школа за краток филм“ се одржа во Битола

Во Битола и Битолско изминатава недела, од 31 октомври до 4 ноември, се одржа второто издание на Фестивалот на малата школа на краткиот филм, вклучен во програмата за одбележување на 4 Ноември – Денот на ослободувањето на Битола.

Организатор на фестивалот се здружението „Ај Ај ВО/ МФФ Нанси“, кое го организира Меѓународниот филмски фестивал во Нанси, додека во текот на целата година спроведува работа на едукација за филмот и средби околу киното меѓу младата публика, меѓу другите и Центарот за култура на Битола.

Конкретно, „Ај Ај ВО/ МФФ Нанси“ веќе 18 години организира фестивал за ученици (основни училишта), а Фестивалот на Малата школа на краткиот филм оваа година се очекува да пречека над илјада деца во Нанси и 192 деца во Везелис.

По вторпат и децата од Северна Македонија имаа корист од овој детски фестивал, особено во Битола и битолските села, со големо ангажирање на Центарот за култура на Битола, кој е коорганизатор и домаќин на фестивалот. Првото издание се одржа во 2019 година, но поради ковид-пандемијата, по пауза од две години второто издание се одржа годинава.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 153, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 5-6 ноември 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот