Фестивал на планински филм: „Ехо“ влегува во втората деценија

Филмската програма на 11. „Ехо“ – фестивал на планински филм содржи 29 остварувања на автори од 15 земји. Фестивалот се одржува од 5 до 9 октомври во кино „Милениум“ и во кино „Фросина“ во МКЦ. Организаторите годинава биле ставени пред голем предизвик, но сепак одлучиле фестивалот да ја задржи класичната форма, а без лично присуство на интернационални или домашни гости во форма на предавања и презентации.

Во натпреварувачкиот дел составени се комисии во повеќе категории. Филмското жири е во состав Јержи Порембски (Полска), Рус Вакрилов (Бугарија) и Илија Циривири (Македонија). За наградата од програмата посветена на екологијата ќе одлучуваат членовите на Македонското еколошко друштво (МЕД): Славе Наќев, Данка Узунова и Александар Павлов. Комисијата за избор на најдобра планинска фотографија на тема „Македонија – прекрасна“ е во состав Горан Кузмановски, Александар Дончев и Алесио Ликуори.

Влезот на филмските проекции е бесплатен, но задолжително е почитувањето на протоколите за заштита од коронавирусот и резервирањето на билетите онлајн или преку билетарницата на МКЦ.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 51, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 3-4 октомври 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот