Ферстапен не ја дава титулата – Холанѓанецот во пол-позиција пред одлучувачката трка

Одлучувачката битка за шампионската титула во Формула 1 ќе се решава утре, а денешните квалификации во Абу Даби само дополнително ја подгреаја драмата. Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, славеше во квалификациите и ќе стартува од пол-позиција на последната трка од сезоната.

Ферстапен ги одвозе најбрзите кругови на патеката „Јас Марина“ и со време 1:22.207 успеа да се постави пред конкурентите од Мекларен – Ландо Норис кој задоцни 0.201 секунда, и Оскар Пијастри кој имаше заостанување од 0.230 секунди.

Зад водечката тројка, на четвртата позиција се пласираше Џорџ Расел во Мерцедес, додека петтото место му припадна на возачот на Ферари, Шарл Леклер.

Пред финалната трка, ситуацијата во генералниот пласман е крајно напната:

  • Ландо Норис води со 408 бодови,

  • Макс Ферстапен има 396 бодови (12 помалку),

  • Оскар Пијастри е веднаш зад нив со 392 поени.

Големото финале – трката за Големата награда на Обединетите Арапски Емирати – се вози во недела од 14:00 часот, а новиот светски шампион ќе биде познат по цели 58 круга жестока борба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот