Фернандо Торес ја тужи Шпанија и бара оштета од 800.000 евра

Фото: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Поранешниот репрезентативец на Шпанија, Фернандо Торес кој во кариерата го носеше дресот на Атлетико Мадрид, Ливерпул, Челзи и Милан одлучи да ја тужи Шпанија.

Торес пред судот во Мадрид ја тужи Шпанија поради ковид-забраните за време на пандемијата со коронавирусот од 2020 до 2022 година. По фудбалската кариера Шпанецот се посвети на боди-билдингот фитнесот, а сега бара оштета од 800.000 евра.

Причината поради која Торес ја тужи Шпанија е разните забрани за време на пандемијата и негативното влијание на неговиот синџир теретани.

Екс-фудбалерот пријавил огромни загуби поради периодот на локдаунот кога скоро ништо не работеше. Шпанските медиуми пишуваат дека Торес имал профит од 100.000 евра пред пандемијата кога ги отворил теретаните, а потоа пријавил годишна загуба од 200.000 евра и сега бара да му се исплатат 800.000 евра како оштета.

Покрај бизнисот со теретани, Торес работи и како тренер во тимот на Атлетико Мадрид до 19 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот