Фентанилот најголемиот убиец меѓу опијатите во Вашингтон

Фентанил / Фото : Canadian Press / Shutterstock Editorial / Profimedia

Смртта од опијати во Вашингтон достигна рекордно високо ниво во 2023 година, при што фентанил е најсмртоносен меѓу сите опијатите, кој убива 96 отсто од жртвите, се вели во извештајот на главниот градски истражувач.

Во Вашингтон лани имало 518 смртни случаи поврзани со употреба на опијати, а во 2022 година имало 461 случај.

Само пет смртни случаи не се класифицирани како случајни, објави Вашингтон тајмс.

Тоа значи дека дрогата однела повеќе животи во округот Колумбија отколку убиствата минатата година, кои вкупно изнесуваа 274.

Главната причина за смртта е фентанил, синтетички опијат кој е најчеста причина за смрт кај зависниците од 2017 година. Фентанилот е 50 пати посилен од хероинот и 100 пати посилен од морфинот.

Во 2023 година, 504 луѓе починале од фентанил во Дистрикт Колумбија, односно 96 од вкупниот број на смртни случаи во градот.

Меѓу починатите 72 отсто се мажи, а од тој број 71 отсто се на возраст меѓу 40 и 69 години, а во 84 отсто од случаите станува збор за Афроамериканци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот