„Феноменот Бритни“: Принцезата на поп музиката ги распродаде своите мемоари за само седум дена

Мемоарите на Бритни Спирс / Фото: Профимедиа

Американската пејачка Бритни Спирс (41) продаде 1,1 милион примероци од своите мемоари „Жената во мене“ („The Woman in Me“) за седум дена од објавувањето, пишува „Њујорк тајмс“.

Мемоарите го прикажуваат животот на поп ѕвездата – од тинејџерски денови, до деновите на слава и успех.

„Долгоочекуваните мемоари на Бритни Спирс се продадени во 1,1 милион примероци во сите формати во САД, во првата недела од продажбата“, објави издавачот „Галери букс“.

Мемоарите на Бритни Спирс
Насловната страница на мемоарите на Бритни Спирс / Фото: TNS/ABACA / Abaca Press / Profimedia

„Во моите мемоари ги влеав срцето и душата и благодарна сум на моите многубројни фанови и читатели ширум светот за нивната голема поддршка“, рече Бритни Спирс во изјавата за „Галери букс“.

Мемоарите на Бритни Спирс се оценети од критичарите како реалистичен приказ за успешен пат до славата, придружен со различни тешкотии, во врска со старателството што нејзиниот татко го имал над неа и нејзиниот живот.

Објавените податоци за продажбата на книгата се однесуваат на претпродажбата, печатената верзија, аудио книгата и дигиталното издание на книгата.

Мемоарите на Бритни Спирс го принудија Џастин Тимберлејк да направи голема промена на Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот