Фејсбук соочен со одлуката на Европскиот суд за правда, ќе ги разгледува последиците

Компанијата Фејсбук денеска соопшти дека ги разгледува импликациите од одлуката на Европскиот суд за правда, со која договорот меѓу ЕУ и САД за пренос на податоци е прогласен за неважечки, бидејќи, според Судот, приватноста на граѓаните од земјите на Унијата со тој акт не е доволно заштитена.

Со судската одлука всушност се укинува привилегираниот пристап, кој со нивните лични податоци го имале американските компании, но и разузнавачките служби на САД.

Претставничката на Фејсбук за правни работи, Ева Нејгл изјави дека компанијата внимателно ги разгледува наодите изнесени во судската одлука и нејзините импликации, кога станува збор за тој договор, наречен „Штит на приватноста”, но очекува и упатства од регулаторните органи.

– Ќе обезбедиме нашите огласувачи, клиенти и партнери да можат да продолжат да ги користат услугите на Фејсбук, а притоа нивните податоци да останат безбедни и заштитени, истакна Нејгл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот