Федерер загуби сет, дуелот на грен слем шампионките за Серена

Рожер Федерер со победа го започна настапот на УС Опен, Швајцарецот потешко од очекувањата со 3:1 во сетови и за два и пол часа го совлада индискиот тенисер Сумит Нагал.
Изненадувачки, 190. тенисер на АТП ранг листата го освои првиот сет со 6:4, но одговорот на Федерер беше експресен. Во преостанатите три сета, Швајцарецот на својот противник му дозволи да освои само седум гемови и рутински со 6:1,6:2,6:4 го реши дуелот во своја корист.

И вториот Швајцарец, Станислас Вавринка загуби сет во првото коло. Вавринка со 6:3,7:6,4:6,6:3 беше подобар од Јаник Синер од Италија.

Кај дамите, во дуелот помеѓу грен слем шампионките, Серена Вилијамс ја прегази Марија Шарапова. Серена и препушти на Шарапова само два гема (6:1,6:1) и ја оствари 20. победа во меѓусебните дуели.
Сигурен старт имаше и победничката на Мастерсот во Синсинати, Медисон Кис која со 7:5,6:0 ја елиминира Јапонката Мисаки Дои.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот