Полиција во САД / Фото EPA-EFE/Adam Davis

ФБИ спречи потенцијален терористички напад во Мичиген

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) денес спречи „потенцијален терористички напад“ во американската држава Мичиген и уапси повеќе лица, изјави директорот на ФБИ, Кеш Пател.

Пател објави на платформата Икс дека ФБИ уапсило повеќе лица во Мичиген кои планирале насилен напад за Ноќта на вештерките.

Тој рече дека нападот бил спречен благодарение на агентите на ФБИ и органите за спроведување на законот кои работеле деноноќно за да ја заштитат земјата, објави Еј-Би-Си.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот