Фаучи за „Си-Би-Ес“: „Имунитетот на стадо“ е можен со доволен број вакцинации

Фото: EPA-EFE/Chris Kleponis / POOL

Водечкиот американски експерт за инфективни болести, Ентони Фаучи, изјави дека САД  „во релативно брз период” може да постигнат „имунитет на стадо“, доколку доволен број на Американци се вакцинираат против коронавирус.

Фаучи за телевизијата „Си-Би-Ес“ изјави дека „помошта на патот” е во форма на вакцина, но дека Американците треба да бидат внимателни, затоа што се ближат празниците и да го спречат ширењето на вирусот во текот на зимата.

Тој додаде дека САД се наоѓаат во „многу, многу тешка ситуација”, бидејќи и натаму расте бројот на случаи.

– Вакцините наскоро ќе бидат достапни, доколку Американците можат да издржат, рече Фаучи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот