Фатени осуммина крадци кои краделе катализатори од возила

Осумина крадци поделени во три групи оперирале во Штип, а мета им биле катализатори од системот за издувни гасови од патничките моторни возила.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Штип, расчистени се четири кривични дела „тешка кражба “, од кои три во обид, на катализатори од системот за издувни гасови од патнички моторни возила на подрачјето на Штип, за кои постојат основи на сомнение дека се извршени од страна на три групи, од кои едната составена од  22-годишниот Т.И. од радовишкото село Подареш,  21-годишниот  Д.И. и 23-годишниот Т.Н.,  двајцата од радовишкото село Ињево.

Втората група била составена од  од 24 – годишниот И.К., 28 – годишниот Е.А. и 26 – годишниот А.Р. тројцата од Велес и третата група од В.И. од штипското село Лакавица, А.С. од делчевско село Јакимово, двајцата на возраст од 28 години. 

Во СВР Штип извршен е службен разговор со сите осомничени лица и тие го појасниле времето, местото, начинот и околностите на вршењето на кривичните дела.

Криминал во подем: За пет минути ви го крадат катализаторот!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот