Криминал во подем: За пет минути ви го крадат катализаторот!

Според полициски извори 108 катализатори за украдени биле пријавени во 2018 година. Тој број се искачил на 282 во 2019 година и на 1.203 кражби во 2020 година.

Катализаторите се добар плен за крадците поради тоа што содржат скапи благородни метали, како родиум, платина и паладиум. Дел од украдените катализатори се препродаваат на откупувачите на метали, а дел завршуваат кај сервисерите за ауспуси.

Сè повеќе крадци во Македонија крадат катализатори за прочистување на издувните гасови, особено од поскапите марки автомобили како „мерцедес“, „ауди“, „фолксваген“ и „мазда“. На мета се и хибридните возила, затоа што нивните катализатори се во подобра состојба.

Овој вид криминал од поодамна го има во светот и во регионот, а од скоро и во Македонија се пријавени многу вакви случаи. Неодамна американската полиција разби мрежа од 19 лица, а во акцијата беа откриени 250 украдени катализатори, чија вредност се проценува на околу 750.000 долари. Во Австрија српска банда за една година успеала да украде дури 550 катализатори. Во Хрватска неодамна беа уапсени четворица мажи, кои краделе катализатори од автомобили во Риека и на Крк.

Според полициската статистика во Македонија, во 2018 година биле пријавени 108 кражби на катализатори, следната година 282, а во 2020 дури 1.203. Се претпоставува дека бројот на непријавени случаи е многу повисок.

– Крадењето на катализаторот е брзо и лесно. Овој уред, кој служи за намалување на издувните гасови од возилото, се наоѓа точно под шасијата. Не се потребни посебни знаења, вештини или алатки за да се отстрани. Потребна е голема клешта за сечење арматура, брзопотезна дигалка позната како „алигаторка“ и рачна електрична брусалка. Со овие алатки за неколку минути крадците можат да ви го украдат катализаторот – вели автомеханичарот Тони Ристовски. Во неговиот сервис секоја недела доаѓаат по две-три возила на кои им е украден катализаторот.

Катализаторите се добар плен за крадците поради тоа што содржат скапи благородни метали, како родиум, платина и паладиум. Дел од нив се употребуваат и во стоматолошката протетика. Овие метали се многу барани на пазарот и постојано поскапуваат. Во 2014 година една унца родиум (28,35 грама) чинела 750 евра, а денес чини дури 9.000 илјади евра. Цената на платината е 820 долари за една унца, а килограм паладиум достигнува 58.000 евра.

Дел од украдените катализатори се препродаваат на откупувачите на метали, а дел завршуваат кај сервисерите за ауспуси. Според нашите соговорници, повторно вградување на еден катализатор чини од 150 до 600 евра на црниот пазар.
Многу возачи биле непријатно изненадени кога сфатиле дека катализаторот им е украден.

– Мене ми се случи ноќта помеѓу 3 и 4 март. Во сервисот ми кажаа дека сум четврти дента со ист проблем. Не пријавив во полиција, но на овој начин сакам да ги известам граѓаните и МВР за оваа безбедносна закана. Ако колата ви работи како трактор и не влече, веднаш одете во сервис за ауспуси. Мора веднаш да се спречат ваквите банди, полицијата мора да патролира навечер, дека наскоро ќе почнат да ни вадат бубрези по улица – пишува на Фејсбук, Ѓорѓи Лазаревски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот