Фамилијата Заеви донираше 200 прехранбени пакети во Банка за храна Кавадарци

Фамилијата Заеви донираше 200 прехранбени пакети во Банка за храна Кавадарци, кои ќе бидат распределени на социјално загрозени кавадарчани. Претставникот на Банката за храна, Роберто Паризов потсети дека подружницата на оваа хумана организација овде постои скоро две години.

-Наша цел е борба против гладта. Сета донација што ја доаѓа од правни и физички субјекти,  ја добиваат лица во социјален ризик, кои претходно се обраќаат или до општинскиот кол центар, или во Банката. Има една девиза која е многу важна за оваа Банка,  а тоа е дека не смееме да вратиме човек кој има потреба од храна. Прво не е хумано, а второ, една општина која е доста силна како општина Кавадарци, има капацитети,  има правни и  физички лица кои се хумани и солидарни, кои сочувствуваат во оваа кризна состојба и донираат, рече Паризов, кој е претседател на регионалното еколошко друштво „Еко-живот”.

Тој упати голема благодарност за поддршката од градоначалникот Митко Јанчев, до  Заеви.

– Огромна поддршка имаме и од Советот на општина Кавадарци, со сите институции кои се солидарни и хумани и со бизнис секторот кој помага секогаш кога е потребно. Апелирам до сите граѓани, до сите правни и физички субјекти, доколку можат да донираат, за да помогнат на семејствата што се во социјален ризик, додаде Паризов.

Претседателот на Советот на општина Кавадарци, Ристо Сакалиев исто така се заблагодари за хуманиот гест до Заеви, истакнувајќи ја успешната работа на кавадаречката Банка за храна. Ги повика кавадарчани да ги почитуваат владините мерки против коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот