Куклите Лабубу станаа популарни и барани/Фото: ANP, ANP / Alamy / Profimedia

Фалсификувана играчка „Лабубу“ крие опасен токсин кој лесно продира во телото – во ЕУ итно се повлекува од продажба

Системот RAPEX за брза размена на информации за небезбедни производи што се пласирани на единствениот пазар на ЕУ издаде предупредување за неисправноста на играчката за деца и за нејзиното повлекување од продажба. Станува збор за светло-кафеава фалсификувана играчка „Лабубу“ со метален прстен која се повлекува поради двоен ризик – хемикалија и задушување- пренесе Телеграф.рс.

Според објавата, производот содржи мал дел што лесно може да се одвои (метален прстен). Мало дете би можело да го стави во уста и да се задави. Покрај тоа, пластичниот материјал на играчката има прекумерна концентрација на бис(2-етилхексил) фталат (DEHP) и дибутил фталат (DBP) (измерени вредности до 0,02% и 1,64% по тежина, соодветно). Овие фталати можат да имаат штетно влијание врз здравјето, бидејќи можат да предизвикаат оштетување на репродуктивниот систем.

Фталатите (како што се DEHP и DBP) се хемикалии што често се користат како пластификатори, особено во PVC производи (на пр. кабли, играчки, подови, пакување). Нивната улога е да ја направат пластиката пофлексибилна и помека. Сепак, токму поради нивната хемиска структура и начинот на кој се ослободуваат од материјалите, фталатите можат да претставуваат сериозен ризик по здравјето, особено за децата.

Украдени кукли „Лабубу“ во вредност од 30.000 долари се пронајдени во Калифорнија

Фталатите не се хемиски цврсто врзани за пластиката, па затоа лесно се ослободуваат во околината – преку допир, прашина, воздух, храна или директно ставање предмети во уста (што е честа навика кај малите деца). На овој начин, тие влегуваат во телото орално, со вдишување или преку кожата.

Зошто се штетни?

Прво прават хормонални нарушувања (ендокрини нарушувања). DEHP и DBP имитираат или се мешаат во дејството на природните хормони, особено половите хормони (естроген и тестостерон). Ова може да доведе до нарушувања во развојот на репродуктивните органи, намалена плодност и проблеми во развојот на пубертетот. Влијаат врз репродуктивниот систем, врз развојот на фетусите и децата, а долгорочната изложеност може да влијае на црниот дроб, бубрезите и ендокриниот систем, поради што нивната употреба во детските производи е строго ограничена во ЕУ.

Во Европската Унија, според регулативата REACH, употребата на DEHP, DBP и слични фталати во играчки и производи за деца е забранета или строго ограничена, бидејќи дури и мали количини можат да имаат штетни ефекти за време на развојот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот