Володомир Зеленски / Фото: Profimedia

„Фала, Америка“: Зеленски е благодарен за договорот Русија да не го напаѓа Киев една недела

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокот изјави дека очекува Русија да го спроведе договорот за седумдневен прекин на нападите врз Киев и врз другите градови поради зимските временски услови, како што најави американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Ројтерс“.

Зеленски нагласи дека во деновите што следуваат ќе се види дали Москва ќе се придржува до ваквиот договор.

„Нашите тимови разговараа за ова во Обединетите Арапски Емирати. Очекуваме договорите да бидат спроведени. Чекорите за деескалација придонесуваат за вистински напредок кон завршување на војната,“ напиша Зеленски на англиски јазик на социјалната мрежа „Икс“.

Веднаш потоа, во своето редовно вечерно видеообраќање, Зеленски ѝ се заблагодари на американската страна за иницијативата, која ја опиша како запирање на руските напади врз енергетските цели.

„Им благодарам на САД за напорите да се обезбеди прекин на ударите врз енергетските објекти во овој период и се надеваме дека Америка ќе успее да го обезбеди тоа. Во наредните денови и ноќи ќе видиме каква ќе биде вистинската состојба со нашите енергетски капацитети и градови,“ рече тој.

Трамп: Путин нема да го напаѓа Киев една недела оти студи, баш убаво од него

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот