„Фајзер“ тврди дека нивната вакцина дава силен имунолошки одговор кај децата на возраст од 12 до 15 години

Фајзер вакцина
Фајзер / Бионтек вакцина против коронавирус / Фото: EPA-EFE/BIONTECH SE

 Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ денеска објави дека нејзината вакцина против Ковид-19 давала силен имунолошки одговор против болеста за време на истражувањето кај деца на возраст од 12 до 15 години, пренесува Ројтерс.

Британските медиуми пренесувајќи го ставот на компанијата наведуваат дека две дози од вакцината на Фајзер се 100 отсто ефикасни против Ковид-19, врз основа на мерењата направени четири месеци по примањето на втората доза.

„Фајзер“ планира, по анализата на долгорочните податоци, да аплицира за целосно одобрување на вакцината за оваа возрасна група во САД и ширум светот.

„Фајзењр и БиоНТек“ ќе бараат одобрение за доза од 30 микрограми, за деца од 12 години и постари.

Досега, вакцината беше одобрена од американската Агенција  за храна и лекови (ФДА), но само за итна употреба на возраст од 12 до 15 години, додека целосна дозвола беше дадена за лица на возраст од 16 и повеќе години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот