Илустративна фотографија за прозорци со завеси / Фото: simon bratt / Alamy / Profimedia

Евтин и едноставен трик како да го загреете домот без дополнителни трошоци

Како што температурите паѓаат, сè повеќе луѓе бараат едноставни и евтини начини да го загреат домот без дополнителни трошоци. Според анализите, пребарувањата за „помош со трошоците за енергија“ се пораснати за околу 80 отсто, па се враќаат и старински, но ефикасни методи за задржување топлина во домот, пишува „Мирор“.

Еден од најинтересните потекнува од викторијанското време – употребата на тешки завеси кои се поставуваат над внатрешните или надворешните врати. Принципот е едноставен: густата ткаенина создава бариера што ја задржува топлината во просторот и го блокира студениот воздух што навлегува низ вратата. Најдобро се комбинира со „чеп“ против промаја на нивото на подот.

Овој метод не бара алат, монтажа или какви било градежни интервенции и е идеален за изнајмени станови. Само неколку минути се доволни за да се почувствува разликата.

Тестовите на „Салфорд енерџи хаус“ покажуваат дека тешките завеси можат да го намалат губитокот на топлина преку современи прозорци за околу 33 проценти, а кај традиционалните дрвени прозорци ефектот се искачува дури до 39 проценти. Во пракса, тоа значи повисока температура од 1 до 2 степени, што значително се чувствува во студените вечери и на сметките.

Организацијата „Which?“, со објава на ТикТок, потсети на уште еден едноставен метод: ставање алуминиумска фолија зад радијаторот, особено ако е на надворешен ѕид. Фолијата ја одбива топлината назад во просторијата, наместо да се „губи“ низ ѕидот. Ова е евтино решение (околу 10 евра) и може да го направи секој.

@whichuk Putting tin foil behind your radiators is a great way to heat your home for less! It’s quick, cheap and easy – a perfect hack for everyone, even if you’re not a confident DIY-er. #Heating #EnergyBills #Moneysaving #moneysavingtips #bills ♬ original sound – Which?


Како веднаш да го примените викторијанскиот трик? Поставете шипка или држач за завеса над влезната или над внатрешните врати. Закачете тешка завеса која го покрива целиот отвор и допира до подот. Ставете заштита од промаја на прагот. Затворете ги завесите на прозорците штом се стемни и тие дополнително ја задржуваат топлината. Внимавајте на безбедноста – ткаенината да не биде блиску до пламен, радијатор или вентилациски отвори.

Дали знаете дека ПВЦ прозорците и вратите треба да бидат поставени на „зимски режим“? Ќе заштедите на греење

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот