Евровизиските обожаватели негодуваат за настапот на Рита Ора: Зарем не се сеќавате што рече?

Рита Ора / Фото: EPA/FACUNDO ARRIZABALAGA

Британската пејачка Рита Ора е една од неколкуте изведувачи чии гостувачки настапи се најавени во текот на паузата од полуфиналето на Евровизија, што ќе се одржи годинава во мај, а тоа не им се допадна на многу обожаватели на музичкото натпреварување.

Првото полуфинале ќе го отвори водителката Јулија Санина изведувајќи дел од песната „Mayak“ на нејзиниот бенд „Хардкис“, додека подоцна Рита ќе изведе компилација од некои од нејзините најголеми хитови плус светската ексклузива на нејзиниот нов сингл, „Praising You“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eurovision Song Contest (@eurovision)


Меѓутоа, евровизиските обожаватели брзо се присетија на изјавите на Рита за Евросонг и сега ја потсетуваат што рекла. Рита беше на аудиција за Евровизија во 2009 година, но се откажа во последен момент. Таа подоцна појасни дека тоа лошо ќе се одрази на нејзината кариера.

„Замислете да останев. Веројатно тоа ќе ја завршеше мојата кариера“, изјави тогаш Ора.

А евровизиските обожаватели се сетија на тоа.

„Од каде ѝ образ да каже дека со настапот на Евровизија ќе ѝ заврши кариерата, а сега е среќна што ќе може да настапи таму во текот на паузата на полуфиналната вечер“, пишува еден обожавател на Твитер.

 


„Рита Ора прво рече дека Евровизија ќе ѝ наштети на кариерата, а еве ја сега, вели дека е среќна што пее таму“, истакнува друга твитерџика.

„Иронично е што Рита Ора ќе настапи на Евровизија откако рече дека кариерата ќе ѝ пропадне ако настапи таму“, нагласил трет корисник на Твитер.

 


„Рита направи цел круг во својата кариера. Таа прво се откажа од Евровизија во 2009 година бидејќи ѝ беше понуден некој концерт, а сега ќе пее во текот на паузата на полуфиналето“, пишува уште еден корисник на Твитер.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот