фото: Профимедиа

Еврото сега е во нејзини раце: 340 милиони луѓе ќе зависат од волјата на „ледената шефица“ (ВИДЕО)

Кристин Лагард вчера го имаше првиот работен ден во Европската централна банка.

– Се радувам на средбата со мојот нов тим и на работата во следните осум години, како и за 340-те милиони европејци кои секој ден го користат еврото – напиша Лагард на Твитер.

Таа е првата жена на чело на ЕЦБ од нејзиното основање во 1998 година. Во текот на нејзината кариера беше шефица на француското Министерство за економија (2007-2011), a потоа беше на чело на Меѓународниот монетарен фонд oд 2011 дo 2019 година.

За претседател на ЕЦБ ја избра Европскиот совет на 18 октомври 2019 година со мандат од осум години.

Улогата на прв човек на централната банка, Лагард ја превзема во момент кога ЕЦБ започнува нова и контроверзна програма за откуп на државниот долг, кој во септември го одобри Управниот совет на оваа институција.

Секој месец, ЕЦБ ќе откупува 20 милијарди евра државни и приватни обврзници со цел да ја поддржи забавената европска економија и да ја доближи инфлацијата кон целта од два процентни поени.

Лагард често во медиумите е нарекувана „челична“ или „ледена“ дама, поради своите ставови и политики за кои се залагаше.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот