Европските акции стабилни, инвеститорите чекаат потег на Федералните резерви
Европските акции денес беа непроменети, при што инвеститорите очекуваат Федералните резерви на САД да ги намалат каматните стапки за четвртина процентен поен. Европскиот берзански индекс STOXX 600 беше непроменет на 575,66 поени. Европските акции за рударство пораснаа за 1,7 проценти, додека здравствениот сектор додаде 0,4 проценти, објави Ројтерс. Поширокиот телекомуникациски индекс падна за еден процент, а комуналните претпријатија изгубија 0,6 проценти.
Препорачано
Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот кинески колега Си Џинпинг треба да се сретнат во Јужна Кореја во четврток. Во корпоративните вести, Mercedes порасна за 6,4 проценти откако германскиот производител на автомобили објави подобри од очекуваните маржи во својот основен автомобилски бизнис.
УБС оствари пораст од 1,6 проценти откако банката објави пораст од 74 проценти на нето добивката во третиот квартал, надминувајќи ги очекувањата. Дојче Банк порасна за 2,6 проценти откако објави пораст од 7 проценти на добивката во третиот квартал, побивајќи ги очекувањата за пад. Еквинор изгуби 1,2 проценти откако енергетската група објави поголем од очекуваниот пад на добивката во третиот квартал- објави Каматица.
Фокусот е исто така и на технолошките титани „величествените седум“, Мајкрософт, Алфабет и Мета Платформс, кои треба да објават заработка.


