Европски куп: Ѓорче Петров-ЖРК убедливо елиминиран во Скопје од полскиот Јарослав

фото: Ѓорче Петров - ЖРК

Ѓорче Петров-ЖРК е запрен во осминафиналето на Европскиот куп, откако на реваншот загуби со 22:30 од полскиот тим на Јарослав.

Потсетување дека на првиот дуел одигран во петокот, во салата „Автокоманда“ – Скопје македонската екипа славеше минимално со 27:26, резултат кој даваше надежи дека може да се најде меѓу најдобрите осум во ова ЕХФ клупско натпреварување.

Инаку добро почна натпреварот за ѓорчепетровки, стекнаа предност од 2:0, возврати ривалот со серија од 2:3, па се врати нашиот претставник со минимално водство од 4:3, а својата последна позитива ја имаше од 5:4.

Потоа, како да играше само еден тим на паркетот, многу подобро одигра противникот кој до крајот на првото полувреме постигна осум, а прими само два голови (7:12).

Ништо не се промени резултатски во вториот дел, полските ракометарки ја одржуваа предноста која од минута во минута растеше. Највисоката позитива Јарослав ја имаше од дури „плус 11“ (16:27).

Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров-ЖРК беше Анастасија Николовска со пет голови, а по четири имаа Ана Марија Коларовска и Милица Николиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот