Мадрид - Фото: Flickr

Европски град е прогласен за најдобра дестинација за соло патници

Доколку планирате соло патување и се двоумите каде да одите, британската веб-страница „Quotezone“ состави листа на најдобрите европски градови за соло патници. На првото место се најде Мадрид, пренесува „Олинклузив“.

За многумина, патувањето сами носи чувство на слобода, но за оние што првпат се впуштаат во вакво искуство може да биде и застрашувачко.

Со цел да го олесни изборот на дестинација, „Quotezone“ направи анализа земајќи ги предвид јавниот превоз, бројот на хотели и туристички понуди, брзината на интернетот и безбедноста. Градовите беа рангирани според вкупен индекс за соло патување.

На врвот е Мадрид – град познат по одлични ресторани, музеи и достапен превоз, како и солидна интернет врска и безбедност.

На второто место е Прага, додека Лисабон, Париз и Рејкјавик ја заокружуваат првата петорка.

Топ 10 дестинации за соло патување во Европа:

1. Мадрид
2. Прага
3. Лисабон
4. Париз
5. Рејкјавик
6. Будимпешта
7. Атина
8. Виена
9. Фиренца
10. Осло

Претходно и магазинот „Тајм Аут“ објави слична листа, но врз основа на мислења на туристички водичи, фокусирана на жени што патуваат сами. Таму на првото место беше Рејкјавик, а високо рангирани беа и Стокхолм, Виена и Лисабон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот