Европа ќе добие нов шампион: Данска и Германија во Хернинг за златото
Денеска со почеток од 18.00 часот во Хернинг ќе се игра финалето за титулата на Европското првенство помеѓу ракометните репрезентации на Данска и Германија во машка сениорска конкуренција.
Препорачано
Мечот за златото ќе го судат Црногорците Иван Павичевиќ и Милош Ражнатовиќ. Претходно од 15.15 часот во натпреварот за бронзениот медал ќе играат селекциите на Хрватска и Исланд.
Актуелниот светски и олимписки шампион, Данска, стигна до финалниот натпревар по победата над Исланд во полуфиналето со резултат 31:28, додека Германија во второто полуфинале ја елиминираше Хрватска со истиот резултат.
Данците и Германците веќе се сретнаа еднаш на ова ЕП, во рамките од главната фаза, избраниците на селекторот Николај Јакобсен славеа со 31:26 во Хернинг.
JUST 2️⃣ REMAIN 😱🏆 We will have a new champion on Sunday, but which team is taking the trophy home? 😍 #ehfeuro2026 #puregreatness
🇩🇰🆚🇩🇪
🕕 18:00 — Sunday 1st pic.twitter.com/AWlP6lcCPT— EHF EURO (@EHFEURO) January 30, 2026
Двете репрезентации вечерва го бркаат своето трето европско злато. Данска веќе го обезбеди својот деветти медал на континенталните првенства – во својата колекција има два златни, два сребрени и четири бронзени медали.
Германија ќе го игра своето четврто финале на Европското првенство, а се бори и за својот петти медал во историјата на учеството на ова натпреварување. Досега, двапати беше европски шампион, со еден сребрен и еден бронзен медал.
Финалето во Хернинг ќе биде и еден вид реприза на олимпискиот турнир во Париз, дополнителна причина за вистински ракометен спектакл. За потсетување, пред две години, Данска беше поразена од Франција во финалето (33:31), додека Германија остана без медал откако загуби од Шведска во натпреварот за третото место.


