Евролигашите против газдата на ПАО, „слободата“ го чини 10 милиони евра

EPA-EFE/TOMS KALNINS

Доколку челниците на Панатинаикос и платат 10 милиони евра на Евролкигата ќе можат да го напуштат ова натпреварување.

Панатинаикос со две писма официјално ја изрази желбата да ја напушти Евролигата и да се пресели во Лигата на шампионите во организација на ФИБА.

Грчкиот тим е еден од 11 екипи кои потпишаа десетгодишни договори со Евролигата, имаат А лиценца со која им е загарантирано учеството без разлика на пласманот во домашниот шампионат, и доколку сакаат да си заминат мора да платат отштета од 10 милиони евра, стои во договорот.

ПАО не планира да плати 10 милиони евра, туку правдата ќе ја бара на судот бидејќи според управата на клубот и тоа можат да бараат отштета за неисполнување на договорните обврски.

Доколку ја напуштат Евролигата тогаш ќемора да се откаже од лиценцата и од акциите во Евролигата кои потоа би биле понудени на продажба.

По бурата која ја предизвика сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос кој изнесе низа обвинувања на сметка на првиот човек на Евролигата, Жорди Бертомеу, се огласија останатите екипи кои имаат А лиценци и му порачаа: Престани.

Реал Мадрид, ЦСКА, Барселона, Фенербахче, Макаби, Ефес, Армани, Олимпијакос, Басконија и Жалгирис со заедничко соопштение порачаа дека веруваат во проектот Евролига, дека сакаат Панатинаикос да остане но не сакаат да ги слушаат клеветите од првиот човек на тимот.

„Сите клубови изразуваат силна желба Панатинаикос да остане во Евролигата бидејќи клубот е составен дел од ова натпреварување во изминатите 19 години. Меѓутоа повторените сериозни и неосновани клевети кои господинот Јанакопулос ги изнесе нема да бидат толерирани. Клубовите ќе ги преземат сите потребни мерки за да ја заштитат својата репутација и интегритет како да сторат се за тој клуб да ги почитува своите обврски кои ги презема како член на групата“, стои во заклучокот на реакцијата на екипите од Евролигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот