Фото: EPA-EFE/Anna Szilagyi

Евро 2024: Португалија и Холандија сигурни, Словенија се намачи со дебитантот

Репрезентацијата на Португалија со победа го започна Европското првенство откако денес беше подобра од Грција со 31:24, фаворитската улога ја оправда и Холандија против Грузија (34:29), додека Словенија се помачи, но сепак победи во дуелот со Фарски Острови (32:29).

Поведе Грција со 2:1 на стартот, а потоа Португалија ја презема контролата и без многу проблеми дојде до предност од четири гола на паузата. Португалците водеа со 18:14.

Грција влезе во добар ритам во вториот дел и израмни на 19:19, но потоа следуваше една серија од 9:1 на Португалците со која беше решено прашањето на победникот. Коста со шест гола беше најефикасен кај Португалија, додека по пет кај Грција постигнаа Малиос и Савас.

Холанѓаните победата против Грузија ја најавија уште во првото полувреме по кое водеа со сигурни 19:12. Во вториот дел не дозволија да се случи некакво чудо и славеа со пет гола разлика.

Репрезентацијата на Словенија потешко од очекувањата славеше против Фарските Острови во Групата Д на Европското првенство 2024 кое се одржува во Германците. Словенците се мачеа 45 минути од мечот, а потоа во последниот период од играта целосно го скршија противникот за победа од 32-29 (13-13).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот