менора ханука
Менора за Ханука / Фото: EPA-EFE/RONEN ZVULUN

Еврејската заедница го прославува празникот Ханука

Еврејската заедница вечер (19.00) во синагогата „Бет Јаков” ќе го прославува празникот на светлината „Ханука”.

Денеска е третиот ден од празникот, а од Заедницата најавуваат дека третата свеќа ќе ја запали претседателот Стево Пендаровски.

„Ханука” се слави како сеќавање на победоносната ослободителна борба на еврејскиот народ на тлото на древниот Израел против елинистичкиот окупатор.

– Легендата запишана во Талмудот раскажува за тоа како Грците влегле во Храмот и го осквернавиле и маслото кое се чувало за палење на обредните свеќи. Макабејците, ослободители, по влегувањето во Ерусалим нашле во Храмот само еден сад со масло, со печат на големиот свештеник, кој бил доволен за горење за само еден ден. Тогаш се случило чудо (Божјо) и тоа масло горело во свеќникот осум дена. Затоа кога ја празнуваме Ханука и ден денес горат 8 свеќи осум дена, информираат од Еврејската заедница.

Оттаму велат дека „Ханука” е пред сè семеен празник, свеќниците се палат секоја вечер во кругот на семејството и тоа првиот ден се пали една, а потоа секој ден по една свеќа повеќе. Тој обичај е сочуван до ден денес.

Синагогата „Бет Јаков” во којашто ќе се одржува прославата се наоѓа на ул. „Борка Талески” бр.24.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот