Евиденција во владеачката партија: СДСМ досега преброи над 40.000 членови, им пристапувале и нови лица

СДСМ. / Фото: Слободен печат

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски заедно со Организациониот секретар на СДСМ, Душко Весковски вечерва одржа состанок со Градската организација на партијата предводена од Александар Бајдевски, а на состанокот присуствуваше и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Се разговараше за процесот на ажурирање на членството кој тече активно и треба да финишира со првите непосредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ кои ќе се одржат на 21 март.

Генералниот секретар Николовски информира дека процесот на реевиденција на членството се одвива со одлично темпо, но и дека се повеќе граѓани во овој период се приклучуваат кон СДСМ.

– Последните информации покажуваат дека се ажурирани над 40.000 членови, а мотивира фактот дека многу нови членови се приклучуваат. СДСМ победува затоа што постојано се менува. Граѓаните даваат поддршка за СДСМ насекаде низ државата и тука во Скопје и затоа семејството на СДСМ расте насекаде, затоа сме прва партија со функционални Општински организации во секоја општина во државата, истакна Николовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот