Еве кои се најскапиот и најевтиниот град за живеење во светот

Израел ковид / Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Најголемиот израелски град Тел Авив е најскап во светот, се вели во анализата објавена во британскиот магазин „Економист“.

Тел Авив ја презеде лидерската позиција од француската престолнина Париз, која сега е на второто место што го дели со Сингапур.

По трите града следат Цирих, Хонг Конг и Њујорк.

Истражувањето за трошоците на животот спроведено за оваа анализа опфати 173 земји, а беа споредени цените на повеќе од 200 производи и услуги.

Најголем пад на листата на најскапи градови е забележан во Рим. Главниот град на Италија падна од 32 на 48 место.

Највисоки цени на бензините се во Хонг Конг – 2,5 долари за литар.

Најевтин е Дамаск

За најевтин град за живеење е прогласен сирискиот главен град Дамаск.

Анализата покажа дека проблемите во синџирите на снабдување, како и антиепидемиските мерки кои го ограничија производството и трговијата, придонесоа за зголемување на животните трошоци во многу градови.

Трошоците за превоз се зголемени поради поскапувањето на горивата, а значително поскапуваат и тутунот и производите за лична нега .

дамаск
Дамаск, Сирија/ Фото Архива на СП

Вака изгледа листата на топ 10 градови

Ова е рангирањето на десетте најскапи градови: Тел Авив, Париз, Сингапур, Цирих, Хонг Конг, Њујорк, Женева, Копенхаген, Лос Анџелес и Осака.

По нив следуваат Осло, Сеул, Токио, Виена, Сиднеј, Мелбурн, Хелсинки, Лондон, Даблин, Франкфурт и Шангај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот