Часовник
Часовник / Фото: МИА

Еве кога се поместува часовникот во март и како полесно да се пролагодите на промената

Еве кога точно се поместува часовникот оваа година и како да ја преживеете таа промена без премногу стрес. Во ноќта меѓу сабота и недела, точно во 2 часот по полноќ, на 29 март 2026, стрелките се поместуваат на 3 часот. Во тој момент еден час од вашиот викенд едноставно исчезнува.

Ако се прашувате во кој правец се поместува часовникот, правилото е едноставно: во пролет стрелките секогаш одат однапред. Со други зборови, симболично влегуваме во летото и подолгите денови. Повеќето паметни телефони и часовници автоматски ќе се прилагодат на новото време.

Зошто ни паѓа толку тешко оваа промена

Можеби делува чудно што само еден час прави толку голем проблем, но нашето тело не е програмирано за нагли промени на времето. Во основата е циркадијалниот ритам, внатрешниот биолошки часовник кој регулира кога сме будни, кога ни се спие и како функционираат многу процеси во организмот.

Научниците ова го нарекуваат „социјален џет-лег“. Тоа значи дека нашиот внатрешен часовник одеднаш се наоѓа во несовпаѓање со реалното време. Поради тоа, многумина понеделникот по поместувањето на часовникот го дочекуваат поуморни од обично, со чувство на поспаност, намалена концентрација и променето расположение.

Зошто воопшто го поместуваме часовникот

Идејата за поместување на часовникот потекнува од времето на Првата светска војна. Германија беше една од првите земји кои воведоа летно сметање на времето за да се заштеди енергија и да се намали потрошувачката на јаглен.

Денес, сепак, многумина сметаат дека поместувањето на часовникот носи повеќе непријатности отколку корист, бидејќи во современиот свет заштедата на енергија не е голема, додека луѓето сè почесто се жалат на нарушен сон и дневна рутина.

Како полесно да ја преживеете промена на времето

– Постепено поместувајте го времето за спиење

Не чекајте сабота вечер. Веќе во четврток и петок обидете се да легнете 15–20 минути порано од вообичаено. Така телото полесно ќе ја прифати промената.

– Искористете ја природната светлина

Во недела наутро отворете ги завесите и пуштете дневна светлина во просторијата. Сончевата светлина помага телото побрзо да се прилагоди на новиот ритам.

– Најпрво вода, па кафе

По будењето испијте чаша вода, најдобро млака со лимон. Хидратацијата го буди организмот и му помага полесно да го започне денот.

– Неделата искористете ја за одмор

Денот кога се поместува часот не е идеален за напорни обврски. Обидете се неделата да ја поминете мирно, без прекумерен стрес и задачи.

– Добрата страна на промена на времето

Иако губиме еден час сон, поместувањето на часот носи и голема предност – подолги денови и повеќе светлина во вечерните часови.

Тоа значи дека по работа ќе имаме повеќе време за прошетки, дружење, престој на отворено и уживање во пролетното време. Сонцето ќе заоѓа подоцна, а вечерите ќе бидат потопли и попријатни.

Затоа многумина, и покрај почетниот умор, со нетрпение го очекуваат преминот на летно сметање на времето. Со него доаѓаат подолгите денови, повеќе енергија и вистинскиот чувството дека пролетта конечно пристигнала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот