Еурофарм Работник убедлив против Спартак Москва!

фото:seha-liga

Во последниот 10. натпревар од регуларниот дел во СЕХА Газпром лигата, екипата на Еурофарм Работник триумфираше на гостувањето кај Спартак Москва со 21:33 (11:19).

Најефикасен во победничките редови беше Е. Граџан со седум голови, следен од М. Ѓукиќ со пет, а во рускиот тим шест голови беа дело на Е. Воиниуш.

За Еурофарм Работник се истакнаа и голманите, Н. Митревски собра 10, а Г. Чаневски осум одбрани. На тој начин битолската екипа ја прекина долгата негативна серија во регионалното натпреварување од шест порази по ред.

Со овие бодови ја обезбедија четвртата позиција во групата „Б“ и во осминафиналето според најавите ќе играат против Нексе од Хрватска. Дуелите ќе се одиграат на 1/2 февруари и 11/12 февруари 2020 година.

Победникот од тој меч во четвртфиналето ќе ги одмери силите против актуелниот регионален шампион Вардар на 7/8 март и 14/15 март 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот