Еурофарм Пелистер одигра храбро, но ПСЖ сепак славеше во Париз

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер одигра храбро вечерва во Париз во рамките од четвртото коло во Лигата на шампионите, но сепак мораше да се помири со четвртиот пораз. ПСЖ знаеше да ги искористи моментите на слабост во битолскиот состав и славеше победа со 31:26.

Почетните минути донесоа изеднаена игра која ја гледавме и во најголемиот дел од првото полувреме. ПСЖ на почетокот неколку пати имаше водство, но битолчани одлична парираа и домаќините не можеа да направат поголема предност од еден или два гола разлик. Лесјак на голот на пелистерци беше одличен, па така македонскиот шампион во 12. минута успеа и првпат да дојде до водство од 5:6.

Фото: РК Еурофарм Пелистер

На истекот на половина од првото полувреме ПСЖ го врати водството со 8:7. Добрата игра на Еурофарм Пелистер продолжи и во следните минути, па така на десет минути до крајот на првиот дел домаќините се уште ја одржуваа предноста од еден гол (9:8). Имаше Еурофарм Пелистер прилика и да води, но Жарко Пешевски во овој период не реализираше два зицери од негова позиција на пикер.

Следуваа минути во кои нападот на Еурофарм Пелистер малку подзастана, па тие промашувања тим како ПСЖ знаеше да ги искористи и на одмор замина со 15:12.

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Избраниците на Јовиќ лошо го стартуваа вториот дел, па ПСЖ набрзина дојде до највисоките до тој момент четири гола предност (17:13). Во наредните минути Еурофарм повторно го кренаа нивото на игра, па 38. минута се вратија на минус еден (20:19).

Но, по тие неколку добри минути следуваше веројатно клучниот период во кој одново подзастана нападот на битолчани, а ПСЖ направи серија од 3:0 со која уште еднаш дојде до највисоките четири гола предност (23:19).

Во продолжение Еурофарм Пелистер не успеа повторно сериозно да се доблжи и како што одминуваше времето стануваше јасно дека македонскиот шампион нема да има сила за некаква сензација.

Најефикасни во редовите на Еурофарм Пелистер со по пет гола беа Тајник, Борзаш и Жарко Пешевски. На спротивната страна Камил седум пати ја погоди мрежата на битолчани. Лесјак го заврши натпреварот со девет интервенции, додека Паличка имаше една повеќе.

Следното коло за седум дена за Еурофарм Пелистер носи натпревар на домашен терен во Битола против тимот на Загреб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот