„Еурактив”: Членството на С. Македонија во НАТО ја налути Русија

epa07364092 Members of a honor guard hoist the NATO flag alongside the Macedonian flag in front of the government building in Skopje, The Former Yugoslav Republic of Macedonia (FYROM), 12 February 2019. The former Yugoslav Republic of Macedonia's government is due to change the name of the country after the ratification of the 'Protocol of the North Atlantic Treaty for the Accession of North Macedonia' whereby Greece will approve the accession of its northern neighbor to NATO under its new name, as provided by the Prespes Agreement signed by Athens and Skopje. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Руското Министерство за надворешни работи издаде соопштение со кое се обиде да го омаловажи и потцени неодамнешното зачленување на Северна Македонија во НАТО, наведува бриселскиот портал „Еурактив”, оценувајќи дека членството на земјава во Алијансата претставува „нов удар на надежите на Москва дека ќе го задржи своето влијание врз Западниот Балкан, откако претходно и Црна Гора и Албанија му се приклучија на Пактот.

Порталот потсетува дека македонското знаме беше подигнато пред седиштето на НАТО во Брисел на скромна церемонија и со мало медиумско внимание, како резултат на пандемијата на коронавирусот.

– Се чини дека Русија профитираше од ова, нагласувајќи го недостигот на помпа во споредба со претходните проширувања на НАТО, додава „Еуроактив”.

Порталот наведува и дека руското Министерство за надворешни работи излегло со иронични коментари на изјавите на министерот за надворешни работи Никола Димитров дека и покрај вонредната состојба во земјава, македонските лидери сепак одвоија време да го одбележат историското значење на зачленувањето во НАТО, што, како што нагласи шефот на дипломатијата, ќе обезбеди стабилност и безбедност на државата и претставува исполнување на „заветот на нашите татковци и дедовци”.

„Еурактив” истакнува дека руското МНР забележува оти Димитров не споменал оти официјалниот датум на нашето зачленување во Алинасата, речиси се поклопил со годишнината од почетокот на нападите на НАТО врз тогашна СР Југославија.

Порталот наведува дека за време на воздушните напади на НАТО врз СРЈ, што траеја од 24 март до 10 јуни 1999 година, „Република Македонија индиректно страдаше заради приливот на многу бегалци од Косово”.

– За разлика од Белград, кој објави дека никогаш нема да стане членка на НАТО, Скопје постојано бараше зачленување во НАТО. Главната пречка беше ветото од соседна Грција, поттикнато од спорот околу името на земјата, што беше решен со Договорот од Преспа од 12 јуни 2018 година, потсетува „Еурактив”, додавајќи дека Русија се обидела да поентира и од тоа посочувајќи на некакви „правни нерегуларности за начинот на ратификкација на Преспанскиот договор, а особено за нискиот одѕив на референдумот што се одржа во Северна Македонија на 30 септември 2018 година”.

Порталот наведува дека Министерството за надворешни работи на Русија во соопштението истакнува дека „согласно националното законодавство, излезеноста на референдумот за членство во ЕУ и НАТО на 30 септември 2018 година била прениска, за резултатот да биде валиден”.

„Еурактив” нагласува дека Русија дополнително забележува оти „слаба земја како што е Северна Македонија, тешко дека ја зголемува моќта на Алијансата” и дека „не придонесува дополнително за европската, регионалната или националната безбедност”,

Според порталот, Москва се обидува да ги потцени и придобивките за земјава од членството во НАТО, оценувајќи ги како „сомнителни” и посочувајќи дека „Алијансата не е секогаш во можност со сигурност да ги заштити своите членки” и дека „македонската нација ќе мора да ја плати цената со откажување на својот суверенитет за воено-политички и други прашања”.

– Русија се надеваше на одолговлекување на ратификацијата на приемот на Скопје во НАТО од страна на земји членки и сметаше на антизападната опозиција во самата Македонија, надевајќи се дека на власт ќе дојде националистичката партија ВМРО-ДПМНЕ на поранешниот премиер Никола Груевски и ќе ја наруши агендата за пристапување кон НАТО, заклучува „Еурактив”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот