ЕУ за поголема транспарентност на дигиталните сместувачки платформи

Знаме на ЕУ / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Европската комисија предложи регулатива насочена кон зголемување на транспарентноста во областа на краткорочно изнајмување сместувачки капацитети, кои сочинуваат четвртина од целото туристичко сместување во ЕУ.

„Секторот за краткорочно изнајмување сместувачки капацитети е воден од економијата на платформата, но тој не се развива доволно транспарентно. Со овој предлог, им олеснуваме на сопствениците и платформите, големи или мали, да придонесат за поголема транспарентност во секторот. – изјави извршната потпретседател на Комисијата Маргрете Вестагер, пренесе ХИНА.

Дигиталните платформи како букинг.ком или Аирбнб доживуваат голем успех, но носат и проблеми за локалните заедници, а еден од нив е недостатокот на станови за долгорочно изнајмување по пристапни цени.

Предлогот за регулатива за зголемување на транспарентноста во оваа област треба да им помогне на јавните власти да обезбедат рамномерен развој на оваа активност како дел од одржливиот туристички сектор. Новите правила треба да го подобрат собирањето и размената на податоци од сопствениците и онлајн платформите.

Новата регулатива, исто така, треба да ја реши актуелната фрагментација на начинот на кој интернет платформите разменуваат податоци и да помогне да се спречат нелегалните понуди на сместувачки единици. Една од главните одредби на новиот законски предлог е усогласување на условите за регистрација на станоиздавачите и нивните имоти за краткорочни изнајмувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот